• петок, 27 декември 2024

Обнова на операта „Лидија од Македонија“

Обнова на операта  „Лидија од Македонија“

Скопје, 14 јули 2023 (МИА) - Националната опера и балет најавува обнова на македонската опера „Лидија од Македонија“ од композиторот Ристо Аврамовски на 16 септември.

Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела со библиска тема. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар.

- Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија, информираат од Националната опера и балет.

Либретото го направија Гиј Шелеи и Дора Петрова во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш.  Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, а режисер Пламен Карталов. 

Обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.

Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина.

Заедно со нив, на сцената ќе настапуваат и хорот и оркестарот на Националната опера и балет. ен/бак/

Фото: Национална опера и балет

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан