• понеделник, 19 август 2024

Обилните врнежи создадоа проблеми во Делчево и околината

Обилните врнежи создадоа проблеми во Делчево и околината

Делчево, 19 август 2024 (МИА) - Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот така и на магистралата А3. 

Како резултат на одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот.

Во моментот дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.

Меѓу улиците кои се под вода се улиците Маршал Тито и крај од улицата Булевар Македонија, улици кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево. вс/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан