• сабота, 12 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Обвинителството во Јужна Кореја покрена обвинение за поткуп против поранешниот претседател Мун Џае-ин

Обвинителството во Јужна Кореја покрена обвинение за поткуп против поранешниот претседател Мун Џае-ин

Сеул, 24 април 2025 (МИА) - Јужнокорејското обвинителство покрена обвинение за поткуп против поранешниот претседател Мун Џае-ин, соопшти денеска портпаролот на обвинителството.

Случајот е поврзан со назначувањето на неговиот поранешен зет во тајландска авиокомпанија.

Мун е обвинет за примање поткуп, додека поранешниот пратеник Ји Санг-Џик е обвинет за давање поткуп и нарушување на довербата, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителите истражуваат дали назначувањето на Ји во Агенцијата за мали и средни претпријатија и стартапи е направено во замена за обезбедување работа за поранешниот зет на Мун и примање плата од авиокомпанија со седиште во Тајланд, која Ји ја контролирал меѓу 2018 и 2019 година и 2020 година.

Обвинителството тврди дека платата што ја земал зетот на Мун била премногу висока и била еднаква на поткуп за тогашниот претседател. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан