НРЦ: Иран дневно депортира околу 3.000 Авганистанци
- Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) соопшти дека Иран продолжува да ги депортира авганистанските мигранти
Техеран, 22 јануари 2025 (МИА) – Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) соопшти дека Иран продолжува да ги депортира авганистанските мигранти.
- На граничниот премин Ислам Кала дневно поминуваат околу 3.000 луѓе од Иран. Тоа се главно луѓе кои се депортирани или протерани. Овие луѓе пристигнуваат во Авганистан среде сурова зима и хуманитарна криза што погодува 22,9 милиони луѓе на кои веќе очајно им е потребна помош, изјави генералниот секретар на НРЦ Јан Егеланд за Германската новинска агенција ДПА, кој неодамна го посети пограничниот град.
Иран минатата година најави дека до крајот на март планираат да депортираат околу два милиона странци кои немаат важечки дозволи за престој.
Според НРЦ, Пакистан веќе депортирал 800.000 Авганистанци.
Иран и Пакистан добија многу мала поддршка од меѓународната заедница, и покрај тоа што примија голем број бегалци.
Агенцијата за бегалци на ОН проценува дека речиси 4,5 милиони Авганистанци живеат во Иран, многумина без законски дозволи за престој, иако иранските медиуми наведуваат многу поголеми бројки од шест или осум милиони.
Авганистан и Иран делат 900 километри долга границата. Иран моментално гради заштитен граничен ѕид во североисточниот дел на земјата. ми/