• недела, 24 ноември 2024

Норвешка служба за национална безбедност: Подводните инфраструктури на Норвешка се ранливи

Норвешка служба за национална безбедност: Подводните инфраструктури на Норвешка се ранливи

Осло, 9 мај 2023 (МИА) - Подводните инфраструктури на Норвешка, која е главен снабдувач со енергија на Европа, се ранливи, се вели во извештајот објавен денеска од Норвешката национална служба за безбедност.

„Настаните од инвазијата на руските сили во Украина ни покажуваат дека подводните инфраструктури за гас, електрична енергија и електронски комуникации можат да бидат изложени на саботажни активности и се ранливи на такви активности“, се вели во извештајот на службата.

За подводните инфраструктури на Норвешка и другите клучни инфраструктури, „мора да се преземат мерки за да се постигне соодветно ниво на безбедност“, забележува службата.

Извештајот, кој прикажува повеќе од 50 прашања од важност за националната безбедност на Норвешка, беше објавен неколку месеци по саботажата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море во септември 2022 година. Се уште не се познати сторителите на саботажата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан