• среда, 25 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп издаде изземање од царини за широк спектар на стоки од Мексико и Канада

Трамп издаде изземање од царини за широк спектар на стоки од Мексико и Канада

Вашингтон, 6 март 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се ослободуваат од царини широк спектар на стоки кои доаѓаат во САД од Мексико и Канада.

Изземањето се однесува на стоките според Северноамериканскиот договор за слободна трговија постигнат за време на првиот мандат на Трамп и ќе трае до 2 април, кога Трамп планира уште една рунда царини за стоки од голем број земји, јави Ен-Би-Си Њуз.

Околу половина од стоките што доаѓаат во САД од Мексико спаѓаат под изземањето, а околу 38 отсто од стоките од Канада ќе се квалификуваат, рече висок претставник на администрацијата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан