• сабота, 23 ноември 2024

Норвешка објави меѓународна потерница за лице поврзано со експлозивните пејџери

Норвешка објави меѓународна потерница за лице поврзано со експлозивните пејџери

Осло, 26 септември 2024 (МИА) - Норвешката полиција издаде меѓународна потерница за Норвежанец со индиско потекло, кој е поврзан со продажба на пејџери на либанската милитантна група Хезболах, кои експлодираа минатата недела, соопштија денеска локалните власти.

Ринсон Хозе, 39, исчезнал додека бил на службено патување во САД минатата недела. Тој е основач на бугарска компанија, за која има сомнение дека била дел од синџирот на снабдување со пејџери.

„Вчера, на 25 септември, полицијата во Осло доби пријава за исчезнато лице во врска со случајот со пејџерите,“ соопшти полицијата.. „Случајот за исчезнато лице е отворен, и испративме меѓународна потерница за лицето“..

Хозе одбил да коментира за пејџерите кога бил контактиран по телефон минатата среда, на 18 септември, и ја прекинал врската кога бил прашан за бугарската компанија. Тој не одговорил на повторените повици и пораки.

Неговиот норвешки работодавец, DN Media Group, соопштил дека тој заминал на конференција во Бостон на 17 септември, и компанијата не успеала да го контактира од 18 септември. Тој работел во продажното одделение на компанијата.

Во 2022 година, Хозе ја основал компанијата Norta Global Ltd, со седиште во Софија, покажува бугарскиот корпоративен регистар. ссм/

фото: архива

Остани поврзан