Нов рекорд во освоени медали за вината на TikvešChâteaux&Domaines на годинешниот MundusVini во Германија

На годинешното пролетно издание на еден од најголемите и најпрестижни меѓународни вински натпревари – MundusViniSpringTasting 2025, што се одржa во Германија, вината на „TikvešChâteaux&Domaines“ поставија нов рекорд, со освоени девет златни и два сребрени медали.
Златен медал на овој реномиран вински натпревар освоија белите премиум вина DomaineLepovoChardonnay 2023 и Bela VodaWhite 2023, како и црвените премиум вина Barovored 2019, Barovored 2021, Bela Vodared 2021, AlexandriaCuveered 2023, Babunared 2022 и LudaMaraRedCuvee 2023. Златен медал освои и виното Terrasse a l’Ombre 2022, произведено во винарницатаChateaudeGourdon во Франција. Сребрени медали освоија вината VranecLudaMara 2022 и LudaMaraWhiteCuvee 2024.
„Освоените девет златни и два сребрени медали на еден од најголемите и најценети светски вински натпревари за нас имаат исклучително значење и нѐ прават особено горди. Фактот што тие се освоени во исклучително силна конкуренција од илјадници квалитетни вина кои доаѓаат од најпознатите светски вински региони, ни дава уште поголема мотивација, бидејќи со тоа се истакнува високиот квалитет на нашите вина на светско ниво и се потврдува водечката позиција и високата репутација на ‘Тиквеш’ како најрепрезентативен и најтрофеен производител на автентични премиум вина од нашиот регион“, истакнуваат од „Тиквеш“.
MundusVini несомнено е еден од најважните вински натпревари, кој се одржува двапати годишно, во пролетна и летна сесија. Пријавените вина на натпреварот се оценуваат од меѓународно жири, составено од врвни познавачи на виното,познати енолози исомелиери од 40 земји. Оценувањето на вината се одвива по методот на дегустација „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на вината што ги оценуваат.
Винарската визба „Тиквеш“ редовно учествува на MundusVini и на останатите реномирани светски вински натпревари, на кои годишно освојува и по повеќе од 100 медали и признанија. Овие награди не само што ја зацврстуваат репутацијата на вината на „Тиквеш” на интернационалните пазари, туку придонесуваати за глобалната промоција на македонското вино воопшто и за зголемување на неговата препознатливост во светот.
____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.