• понеделник, 22 јули 2024

Новогодишни подароци за дечиња од Мал Групен Дом во Берово

Новогодишни подароци за дечиња од Мал Групен Дом во Берово

Берово, 1 јануари 2024 (МИА) - Во Берово денес доделени новогодишни подароци за дечиња кои престојуваат во Мал Групен Дом во Берово. Донациите се обезбедени од познатиот стопанственик по потекло од Малешевијата, Благој Механџиски Зегин кој денес лично им ги подели подароците.

-Како што е ред четири дечиња од оваар установа добија новогодишни подароци. Им благодарам на вработените за можноста да ја реализирам оваа донација, а секако и на дечињата кои ми се заблагодарија со писмо во кое е напишана нивната новогодишна честитка, рече Механџиски.

Претходно беровскиот хуманист на Градскиот плоштад во Берово донираше новогодишни пакетчиња за деца до 5 години од Берово и Малешевијата.

-Оваа година доделивме 250 пакетчиња на деца до 5 години. Имаше деца и од другите градови, но и од Бугарија, Србија. Децата се оние кои не знаат да лажат, да глумат и од тој аспект сме посебно радосни што ги собравме сите на едно место и со една желба да поминеме најубаво во Новата година како и оваа, додаде Механџиски.

Воедно тој ја ислористи приликата да ги покани дечињата над 5 години на заедничката забава која ќе се одржи на големиот христијански празник Божик. вс/свс/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан