• среда, 29 јануари 2025

Новиот состав на Европската комисија положи заклетва пред Судот на правдата на ЕУ

Новиот состав на Европската комисија положи заклетва пред Судот на правдата на ЕУ

Луксембург, 27 јануари 2025 (МИА) - Новиот состав на Европската комисија под претседателство на Урсула фон дер Лајен денеска положи заклетва пред Судот на правдата на ЕУ во Луксембург. Тоа е последниот чекор во назначувањето на еврокомесарите, откако тие беа предложени од нивните влади минатата година, одобрени од Фон дер Лајен, потврдени од Советот на ЕУ и поддржани од Европскиот парламент.

Секој од европските комесари денеска положи заклетва на својот мајчин јазик.

Урсула фон дер Лајен (Германија, Европска народна партија) - претседателка;

Тереза ​​Рибера (Шпанија/социјалисти и демократи) - Еврокомесар за конкуренција, потпретседател на ЕК за фер енергетска транзиција;

Хена Виркунен (Финска/Европска народна партија) - Еврокомесар за дигитални и нови технологии, потпретседател на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија на ЕУ;

Стефан Сежурне (Франција/Обнови ја Европа) - Еврокомесар за внатрешен пазар, потпретседател на ЕК за производствена стратегија;

Каја Калас (Естонија/Обнови ја Европа) - висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, потпретседател на ЕК;

Роксана Манзату (Романија/социјалисти и демократи) - Еврокомесар за луѓе, образование, култура, вештини и социјални права, потпретседател на ЕК;

Рафаеле Фито (Италија/европски конзервативци и реформисти) - Еврокомесар за кохезија и регионален развој, потпретседател на ЕК;

Марос Шефчович (Словачка/Социјалисти и демократи) - Еврокомесар за трговија и економска безбедност;

Валдис Домбровскис (Латвија/Европска народна партија) - Еврокомесар за економија и продуктивност;

Дубравка Суица (Хрватска/Европска народна партија) - Еврокомесар за Медитерански прашања;

Оливер Вархеј (Унгарија/Патриоти за Европа) - Европски комесар за здравје и благосостојба на животните;

Вопке Хукстра (Холандија/Европска народна партија) - Европски комесар за клима, раст и нулта емисија;

Ендрус Кубилиус (Литванија/Европска народна партија) - Еврокомесар за одбрана;

Марта Кос (Словенија/Обнови ја Европа) - Еврокомесар за проширување на ЕУ;

Јозеф Сикела (Чешка/Европска народна партија) - Еврокомесар за меѓународна соработка;

Костас Кадиз (Кипар/непартиски) - Европски комесар за рибарство и океани;

Марија Луис Албукерке (Португалија/Европска народна партија) - Еврокомесар за финансиски услуги и инвестициска унија;

Хаџа Лабиб (Белгија/Обнови ја Европа) - Еврокомесар за управување со кризи;

Магнус Брунер (Австрија/Европска народна партија) - Еврокомесар за внатрешни работи и миграција;

Јесика Росвал (Шведска/Европска народна партија) - Еврокомесар за животна средина, вода и конкурентна циркуларна економија;

Пјотр Серафин (Полска/Европска народна партија) - Еврокомесар за буџет, борба против измама и јавна администрација;

Дан Јоргенсен (Данска/социјалисти и демократи) - Еврокомесар за енергетика и домување;

Екатерина Захариева (Бугарија/Европска народна партија) - Еврокомесар за стартапи, истражување и иновации;

Мајкл Мекграт (Ирска/Обнови ја Европа) - Еврокомесар за демократија, правда и владеење на правото;

Апостолос Џиџикостас (Грција/Европска народна партија) - Еврокомесар за транспорт и туризам;

Кристоф Хансен (Луксембург/Европска народна партија) - Европски комесар за земјоделство и храна;

Глен Микалеф (Малта/социјалисти и демократи) - Еврокомесар за млади, култура и спорт. зш/

Остани поврзан