• понеделник, 08 декември 2025

Нова мБанка од Комерцијална банка – едноставно, модерно и подобро мобилно банкарство

Нова мБанка од Комерцијална банка – едноставно, модерно и подобро мобилно банкарство

Скопје, 30.06.2025 година – Комерцијална банка со задоволство ја претставува новата мБанка, која го носи мобилното банкарство на повисоко ниво. Новата мБанка е наменета за клиентите кои очекуваат ефикасност, леснотија и достапност, секогаш и секаде.

Таа е одговор на современиот начин на живеење, кога времето е драгоцено, а флексибилноста привилегија. Доаѓа со современ, интуитивен и минималистички дизајн, брза и едноставна навигација, подобрени и поефикасни функционалности.

Новата мБанка ти овозможува:

24/7 контрола и пристап до сите твои банкарски производи,
Брзи плаќања и преноси со шаблони, Плати на пријател, Подели сметка и новитетот Visa Direct,
Бесплатни известувања за приливи и одливи,
Лесна контрола и пристап до твоите платежни картички,
До 80 % пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер,
Опција за целосно дигитален потрошувачки кредит до 1.000.000 денари преку OneID.
Новата мБанка постепено ќе станува достапна и очекувај наскоро твојот уред да преземе најнова верзија од апликацијата.

Со ова современо и технолошки напредно дигитално решение, Комерцијална банка уште еднаш потврдува дека инвестира во иднината на банкарството. 

„Банкарството го правиме дигитално, достапно и прилагодено на навиките и очекувањата на нашите клиенти затоа што веруваме дека модерното банкарство треба да биде во функција на секојдневните потреби и секогаш при рака. Новата мБанка е резултат на таа визија. Создадена е да понуди доверлива, брза и кориснички ориентирана услуга, со која клиентите ќе добијат уште поголема слобода и контрола во управувањето со своите лични финансии“, изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Нов изглед, ново искуство и нови можности – сè е тука со новата мБанка, изработена во соработка со домашната компанија Некстсенс.

Повеќе информации за новата мБанка се достапни на следниот линк

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан