• петок, 05 декември 2025

Јого Меркур слави 35 години успешна работа – свечен јубилеен настан на 27 ноември 2025

Јого Меркур слави 35 години успешна работа – свечен јубилеен настан на 27 ноември 2025

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

 

 

Почитувани,

Компанијата Јого Меркур оваа година одбележува значаен јубилеј – 35 години постоење, развој и континуирани успеси на македонскиот пазар. По тој повод, компанијата ќе организира свечен настан кој ќе се одржи во четврток, 27.11.2025 година, со почеток од 19:30 часот, во ресторан „Парк Рагуза“.

Настанот ќе содржи богата програма, прераскажувајќи ја историјата и растот на компанијата, мотивациските моменти кои го одбележале развојот, како и визијата за иднината.

 
Распоред на настанот:

19:30 – 20:15 | Прием на гости
20:15 – 20:45 | Прикажување на историско видео за компанијата
20:45 – 21:00 | Обраќање на сопственикот
21:00 – 23:30 | Музички дел – настап на бенд
23:00 – 00:00 | Подароци

 
Свечениот настан ќе го збогатат присуството на истакнати претставници од бизнис заедницата. 

Јого Меркур продолжува да биде посветен на обезбедување квалитет, доверба и партнерство – вредности што ја обележаа компанијата во изминатите 35 години.

За дополнителни информации, изјави или логистичка поддршка, медиумите може да нè контактираат на:

 

info@jogomerkur.com.mk

 

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан