• вторник, 06 август 2024

Ноа Лајлс е 13-тиот спринтер во историјата кој успеал да истрча 100 метри под 9,8 секунди

Ноа Лајлс е 13-тиот спринтер во историјата кој успеал да истрча 100 метри под 9,8 секунди

Париз, 5 август 2024 (МИА) - Ноа Лајлс е 13-тиот спринтер во историјата кој успеал патеката од 100 метри да ја истрча за помалку од 9,8 секунди.

Американецот синоќа спринтот 100 метри на Олимпијадата во Париз го истрча за 9,79 секунди и го освои златниот медал.

Времето 9,79 е личен рекорд за Лајлс.

Светскиот рекорд на ова растојание му припаѓа на Усеин Болт (9,58). Освен него, никој до денес не успеал да истрча 100-ка под 9,6 секунди. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан