• понеделник, 23 декември 2024

Николоски: Планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на Коридорот 10 и да го вратиме значењето на регионот

Николоски: Планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на Коридорот 10 и да го вратиме значењето на регионот

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Имаме амбициозна агенда за развој на патната и железничката инфраструктура и преку тие проекти планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на Коридорот 10 и да го вратиме значењето на регионот каде што заслужува во европскиот транспорт на добра и патници, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на билатералната средба во Солун со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција.

Како што информираат од Министерство за транспорт, Николоски потенцираше дека Владата е силно посветена на проектот за изградба на нова брза пруга на коридор 10 со која ќе се забрза транспортот на добра и услуги од пристаништата од Грција кон Централна Европа и обратно.

-Овој проект кој има регионално значење е од огромен интерес за сите земји и оттаму се јавува потребата заеднички да се пристапи кон негова реализација се со цел бенефитот од брза пруга да го имаат сите земји и економиите во нив, потенцираше министерот Николоски.

Во таа насока го отвори и прашањето за железничкото поврзување кај Кременица (Битола), заради потребата од побрза регионална конекција
во Пелагонискиот регион и алтернативна врска со пристаништата. Исто така на средбата се отворија и прашањата за подобрување на патната
инфраструктура во двете земји како услов за побрз транспорт и побезбеден сообраќај. Во тој контекст министерот ги презентираше плановите на Владата за реализација на проекти во патната мрежа како и инсталација на интелигентни транспортни системи на Коридор 10.

Министерот Николоски ја отвори и темата за наплатните станици и поминување на македонските и грчки граѓани на патарините со еден заеднички таг, по примерот со Србија. Двајцата министри разговараа и за олеснување на транспортот и трговијата на граничните премини како регионален проект преку кој бенефит би имале двете економии.

Двајцата министри изразија огромно задоволство за оваа прва билатерална средба, со заклучок дека двете земји имаат широко поле на соработка и дека во периодот што следи ќе се интензивира таквата соработка со цел економски развој на регионот преку заеднички проекти.вј/нд/

Фото: Министерство за транспорт

Остани поврзан