• сабота, 09 ноември 2024

Николовски: Почнуваме значајна реформа во шумарството, проект вреден 1,3 милиони евра обезбедени од ИПА фондовите

Николовски: Почнуваме значајна реформа во шумарството, проект вреден 1,3 милиони евра обезбедени од ИПА фондовите
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Со ЕУ почнуваме голема и значајна реформа во секторот шумарство, проект финансиски поддржан од ИПА фондовите со грант од 1,3 милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Како што информира Николовски, изминатите осум месеци претставници на Министертвото и ЕУ, заедно, со сите засегнати страни - јавни институции, претставници на научната јавност, екологисти и невладини организации во областа на шумарството, интензивно работеа на проектот „Поддршка на реформите во политиката и законската рамка во шумарството во Северна Македонија“. Работната група работеше на трите очекувани резултати: ревидирање на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Северна Македонија (2006-2026), на изготвување нов закон за шуми усогласен со нормативите на ЕУ и на подготвување нова национална програма за шумарство за имплементација на законот за шуми и Стратегијата за одржлив развој. -Со успешно завршување на овој проект ќе се постават здрави основи за ефикасно спроведување на главниот, голем ИПА проект, кој според сите планови на Делегацијата на ЕУ, треба да почне во последниот квартал од оваа или почетокот на наредната година. Финансиската поддршка во форма на грант со вредност од 1,3 милиони евра ќе обезбеди зајакнување на управувањето со шумарскиот сектор на темелите поставени со овој тековен проект, истакна министерот Николовски на завршната конференција на која беа презентирани резултатите на работната група. Според него, почнувањето на преговорите со ЕУ значи нова, уште поголема поддршка која ќе придонесе за развој на сите сектори, вклучително и на шумарството. -Преку ИПАРД програмата го развиваме македонското земјоделство, помагајќи во набавка на нова опрема и механизација. Со средства од ИПА фондовите градиме нови системи за наводнување за да имаме поголем принос и поквалитетна храна. Водиме грижа и за шумите преку конкретни политики за нивно зачувување и унапредување на шумскиот фонд, рече министерот Николовски во своето обраќње. мч/ац/

Остани поврзан