
14 март 2025
Битола - Претседателот на Собранието, Африм Гаши во посета на Битола.
-Средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски (12:35)
-Посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните, во придружба на градоначалникот и пратеници од Битола. ( ул.„Мирко и Танче Живкови“ б.б., изјава за медиумите по посетата/13:10-13:40)
-Посета на Музејот на албанската азбука. (13:45)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (сала 4/11:00)
Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (сала 6/12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински во рамки на „Каде што срцето е дома“ ќе ја посетат општина Ѓорче Петров и ќе извршат увид на градежните активности на еден од седумте проекти на Општината. (Во близина на очната болница „Санте Плус“ /12:50)
Скопје - Прес-конференција по состанокот на претставници на Европската конфедерација на синдикатите, Регионалниот синдикален совет СОЛИДАРНОСТ и Сојузот на синдикатите на Македонија. (Работнички дом - Зграда на ССМ на 6-ти кат /11:30)
Скопје - Онлајн работилницa „Вовед во дигитална безбедност во контекст на цензура и надзор“ во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права со поддршка од БИРН – Балканска репортерска истражувачка мрежа. (13:30)
Скопје - Прес-конференција за лауреат на наградата „Роман на годината“ за 2024 година. (Кафе-книжарница „Буква“ /12:00)
Битола - Прес конференција на НУ Центар за култура-Битола на која ќе биде презентирана програмата за работа и проектите во 2025 година. (Мала сала/11:00)
Скопје - Отворено предавање на реномираниот професор проф. д-р Оливер Јенс Шмит од Виена „Зошто ја изучуваме албанската историја?“. (Амфитеатар B102 Универзитетот „Мајка Тереза“ /13:00)
Битола - Уметничката група „Три“ организира изложба „Зошто не сега...?“ (Магаза /19:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***