• сабота, 23 ноември 2024

Нетанјаху им соопшти на американските републикански сенатори дека војната во Газа ќе продолжи

Нетанјаху им соопшти на американските републикански сенатори дека војната во Газа ќе продолжи

Вашингтон, 21 март 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача на американските републикански сенатори дека неговата земја ќе продолжи со напорите да ја победи палестинската терористичка група Хамас во Појасот Газа.

Нетанјаху синоќа разговараше со републиканците преку видео врска речиси една недела откако лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер одржа говор во кој го осуди израелскиот премиер како „пречка за мирот“ и повика на нови избори во Израел.

Нетанјаху „ќе го направи тоа што рече дека ќе го направи. Ќе го заврши“, им рече на новинарите сенаторот Џим Риш по видео-разговорот со израелскиот лидер.

„Побаравме од него актуелни информации за војната, за ослободувањето на заложниците и за напорите да се победи Хамас. Му рековме дека Израел има целосно право да се брани, а тој посочи дека токму тоа ќе продолжат да го прават “, истакна сенаторот Џон Барасо. ссм/

фото: архива

Остани поврзан