• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Од петок Франција ќе испрати 40 тони помош во Појасот Газа

Од петок Франција ќе испрати 40 тони помош во Појасот Газа

Париз, 29 јули 2025 (МИА) - Од петок, Франција ќе испрати 40 тони помош во Појасот Газа, каде што во неделата продолжија хуманитарните доставувања од воздух за да му се помогне на населението, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

„Почнувајќи од петок, ќе организираме четири лета, секој со 10 тони храна, до Појасот Газа“, изјави Баро за француската онлајн телевизија BFMTV.

Околу 2,4 милиони Палестинци се под израелска опсада во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година предизвикана по напад врз израелска територија од страна на палестинското исламистичко движење Хамас. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан