• среда, 02 октомври 2024

Нетанјаху: Израел е во судбоносни денови, се бори за нашето постоење

Нетанјаху: Израел е во судбоносни денови, се бори за нашето постоење

Тел Авив, 30 септември 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на денешниот состанок на владата рече дека Израел сè уште се соочува со значителни предизвици и покрај неодамнешните воени успеси.

- Израел е во судбоносни денови. Ова се денови на историски достигнувања, но и денови на големи предизвици кои се уште се пред нас, изјави тој додека ИДФ нанесува серија тешки удари врз терористичката група Хезболах во Либан, пренесе Тајмс оф Израел.

Нетанјаху ги поздрави војниците на ИДФ „кои се неверојатни во нападите врз непријателите на Израел и подигање на моралот на народот“. Тој исто така изрази сочувство до ужалените семејства и на „драгите семејства на заложниците“.

- Нема да се одмориме додека не ги вратиме сите назад, вети Нетанјаху.

- Ние сме во војна за нашето постоење. Ќе ги здружиме силите, ќе одиме рака под рака и ќе ги победиме нашите непријатели. Нека заврши годината и нејзините проклетства, заврши тој, осврнувајќи се на еврејската година, „и со Божја помош – нека почнат годината и нејзините благослови“. јт/

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан