• петок, 06 септември 2024

Непознат број жртви во напад во училиште во САД

Непознат број жртви во напад во училиште во САД

Атланта, 4 септември 2024 (МИА) – Во средно училиште во Виндер, недалеку од Атланта во американската држава Џорџија имало пукање во кое според американските медиуми, има неколку жртви.

МСНБЦ на Х објави дека според првичните информации во престрелката загинале најмалку две лица, а најмалку четворица се ранети. Други американски медиуми јавуваат дека има повеќе жртви, меѓу кои може да има и ранети и убиени.

Осомничениот е уапсен, соопштија властите.

Полицијата и итните медицински служби интервенирале во средното училиште Апалачи во округот Бароу околу 10:23 часот „за пријавен активен напаѓач“, се вели во соопштението од Канцеларијата на шерифот на округот Бароу.

Учениците се евакуирани и пристапот до училиштето е блокиран. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан