• среда, 27 ноември 2024

Немало патници во автобусот на ЈСП Скопје што се запали во Бутел

Немало патници во автобусот на ЈСП Скопје што се запали во Бутел

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Немало патници во автобусот на ЈСП Скопје што денеска се запали во близина на старата општина Бутел. Неофицијално пожарот во автобусот ЛАЗ од украинско производство е предизвикан од неисправна инсталација, но тоа треба да го потврди истрагата.

Противпожарната бригада на град Скопје со едно возило интервенираше и веднаш го изгасна пожарот на запалениот автобус на ЈСП Скопје на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во близина на старата општина Бутел. вј/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан