Неколку клубови веќе го бараат Томас Тухел
- Доколку германскиот ментор е отпуштен од „Парк де Пренс“, тој веројатно нема да остане долго без тим, со тоа што неколку екипи веќе ја следат неговата ситуација.
Париз, 14 февруари 2020 (МИА) - Иднината на Томас Тухел во Пари Сен Жермен зависи од презентацијата на тимот во ЛШ оваа сезона. Ако Парижаните отпаднат од најелитниот клупски турнир во Европа пред фазата од полуфиналето, голема е веројатноста дека клубот ќе го отпушти и ќе земе друг менаџер на негово место. Нешто слично се случи во последниве години со Лоран Блан и Унаи Емери.
Доколку германскиот ментор е отпуштен од „Парк де Пренс“, тој веројатно нема да остане долго без тим, со тоа што неколку екипи веќе ја следат неговата ситуација.
Според „Лe10Спорт“, Баерн Минхен сака да го донесе Тухел на „Алијанц арената“. Баварскиот колос се обиде да го однесе 46-годишниот тактичар пред да замине во Пари Сен Жермен пред неколку години, но понудата тогаш дојде премногу доцна.
Друг тим што се интересира за германскиот тренер е Манчестер Јунајтед. Ова е малку чудно, бидејќи сегашниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, беше човекот кој ги елиминираше Тухел и ПСЖ од Лигата на шампионите минатата сезона. Сепак, Јунајтед има слаба кампања во Премиер лигата оваа сезона и најверојатно ќе се раздели со својот менаџер на крајот од кампањата.
Последниот тим што би сакал да го привлече Тухел е Барселона. Каталонците неодамна го привлекоа Кике Сетиен, но работите не одат добро за тимот. Германецот докажа дека може да се справи со тешките карактери, а можеби и неговото назначување може да помогне да се врати Нејмар на „Камп Ноу“.