• понеделник, 23 декември 2024

НБА го одложи проширувањето поради тековниот процес на продажба на Селтикс

НБА го одложи проширувањето поради тековниот процес на продажба на Селтикс

Вашингтон, 18 септември 2024 (МИА) – Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот привремено ги одложи дискусиите за проширување на членството.

Според ESPN, оваа одлука се должи на тековниот процес на продажба на Селтикси.

Комесарот Адам Силвер му кажа на одборот на лигата дека преговорите за додавање нови тимови сега ќе се водат подоцна во текот на сезоната 24/25.

Продажбата на Бостон следи по договорот од 4 милијарди долари за Феникс во 2023 година и се очекува да постави рекорд за вредноста на клубот.

И покрај доцнењето, потенцијалот за проширување останува значителен, со проценки дека лигата може да генерира повеќе од 10 милијарди долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан