Маскерано: Целата МЛС лига треба да биде горда на Интер Мајами
- Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, го коментираше нерешениот резултат со Палмеирас (2:2) во натпреварот од групната фаза на Светското клупско првенство.

Мајами, 24 јуни 2025 (МИА) – Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, го коментираше нерешениот резултат со Палмеирас (2:2) во натпреварот од групната фаза на Светското клупско првенство.
-Беше одлична игра од наша страна, тешко е да се игра против еден од најдобрите тимови во Јужна Америка. Можеби на крајот натпреварот беше во наши раце, па затоа е чудно чувство, но ако пред турнирот некој ми кажеше дека ќе имаме таков настап против такви тимови, ќе се согласив со тоа. Ова е историска вечер за МЛС бидејќи сме меѓу 16-те најдобри тимови во светот и лигата треба да биде горда на Интер Мајами, изјави Маскерано за веб-страницата на ФИФА.
Интер Мајами ќе игра против ПСЖ во 1/8 финалето. Натпреварот ќе се одржи на 30 јуни. зс/
Фото. ЕПА