НБА ги објави почетните состави за натпреварот на ѕвездите
- НБА-лигата ги објави почетните состави на тимовите на Западот и Истокот за „Ол стар“ натпреварот.
Вашингтон, 20 јануари 2026 (МИА) – НБА-лигата ги објави почетните состави на тимовите на Западот и Истокот за „Ол стар“ натпреварот.
Стартната постава на тимот од Западната конференција ќе ги вклучува Стефен Кари (Голден Стејт), Лука Дончиќ (Лос Анџелес лејкерс), Шеј Гилџус-Александер (Оклахома Сити), Никола Јокиќ (Денвер) и Виктор Вембањама (Сан Антонио).
Во почетниот состав на Истокот се најдоа: Јанис Адетокунбо (Милвоки), Џејлен Браун (Бостон), Џејлен Брансон (Њујорк), Кејд Канингем (Детроит) и Тајрис Макси (Филаделфија).
Седумдесет и петтото издание на собирот на ѕвездите од најсилната кошаркарска лига на светот ќе се одржи во Лос Анџелес на 15 февруари. зс/
Фото: ЕПА