• среда, 21 јануари 2026

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците

 

Хернинг. 20 јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација има водство од 13-9 против Романија во завршниот натпревар од групата Б на Европското првенство што вечерва се игра во Хернинг.

Македонските ракометари фуриозно го отворија натпреварот со ефикасен напад и гранитна одбрана.

По воведните 3-0 во 5. минута, голот на Костески минута подоцна беше поништен поради престап, а во следниот напад Велкоски на реализираше во ситуација „еден на еден“ со романскиот голман.

Сепак, капитенот Кузмановски беше прецизен за почетни највисоки 4-0 пред Романците да го постигнат својот прв гол на натпреварот преку Станчук од пенал во 11 минута.

На средина на полувремето, предноста на Македонците изнесуваше 6-3, а со идентична предност (10-7), натпреварот влезе во завршни пет минути од полувремето.

Потоа, Ѓоргиев изнуди исклучување и седмерец кој Кузмановски го реализираше за плус четири разлика, а Пешевски во 28 минута беше прецизен за највисоки +5 (12-7).

Романците одговорија со серија од 2-0, но Костески по „цепелин“ со Џонов беше прецизен во завршниот напад за предност на полувремето од четири голови разлика.ег

ФОТО: РФМ

Остани поврзан