• среда, 21 јануари 2026

Цесар нов селектор на фудбалската репрезентација на Словенија

Цесар нов селектор на фудбалската репрезентација на Словенија

 

Љубљана, 20 јануари 2026 (МИА) – Словенечката фудбалска федерација го назначи денеска 43-годишниот Боштјан Цезар за нов селектор на националниот тим.

Поранешниот долгогодишен словенечки репрезентативец на селекторската клупа седнува на местото на Матјаж Кек а, на кого му беше и помошник од 2022 до 2024 година и беше дел од стручниот штаб на ЕУРО 2024, на кое Словенија играше во осминафиналето.

Цесар е рекордер според бројот на настапи за словенечката репрезентација (102) со која настапи и на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

Во кариерата како фудбалер настапуваше за загрепски Динамо, Олимпик Марсеј, Вест Бромвич Албион и Киево.

Во сезоната 2024/25, Цезар беше тренер на Марибор. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан