Реал нема да купува играчи во јануари
- Реал Мадрид нема да ангажира нови фудбалери во зимскиот преоден рок, објави денеска „Атлетик“, повикувајќи се на извори во шпанскиот клуб.
Мадрид, 20 јануари 2026 (МИА) – Реал Мадрид нема да ангажира нови фудбалери во зимскиот преоден рок, објави денеска „Атлетик“, повикувајќи се на извори во шпанскиот клуб.
Кралскиот клуб го објаснува овој став со фактот дека сегашниот тим на Реал Мадрид има највисока пазарна вредност во светскиот фудбал, и покрај тешкиот период за тимот.
Тензиите меѓу фудбалерите се намалија откако Чаби Алонсо си замина од клупата, а новиот тренер Алваро Арбелоа инсистираше ниту еден од играчите да не биде продаден.
Арбелоа деновиве на прес-конференција истакна дека е целосно задоволен од сегашните играчи. „Имам неверојатен тим, имам голема среќа“, рече тренерот на Реал.
По 20 одиграни кола, Реал Мадрид е второпласиран во Ла Лига со 48 бодови, еден помалку од лидерот Барселона.ег
ФОТО: Фејсбук