• сабота, 20 јули 2024

На Јувентус може да му се одземат девет бода

На Јувентус може да му се одземат девет бода

Рим, 20 јануари 2023 (МИА) – До Италијанската фудбалска федерација стигна барање од Обвинителството на Јувентус да му бидат одземени девет бода поради финансиска измама, објави „Фудбал Италија“ повикувајќи се на агенцијата АНСА.

Јувентус и неговото поранешно раководство се обвинети за кршење на четири кривични члена поврзани со сметководствена измама. Најстрогата казна предвидува осум години затвор.

Раководството на „бјанконерите“ може да биде обвинето за ширење лажни информации за финансиската состојба на клубот, манипулација на пазарот, давање лажни пријави за приходи за непостоечки операции, попречување на ревизорската контрола.

На крајот на ноември, повеќето од членовите на бордот на директори на Јувентус, меѓу кои и претседателот Андреа Ањели, поднесоа оставка.

По 18 кола Јувентус има 37 бода и е трет на табелата во Серија А. Доколку му се одземат девет бода, тимот од Торино ќе падне на 8. место. зс/

Остани поврзан