• вторник, 20 август 2024

На Табановце зголемена фреквенција на возила

На Табановце зголемена фреквенција на возила

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - На граничниот премин Табановце за излез и влез во земјата се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат од АМСМ.  

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 
 
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

ФОТО: МИА Архива 
 

Остани поврзан