• понеделник, 03 март 2025

На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено, во Скопје повремено облачно со повремен дожд

На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено, во Скопје повремено облачно со повремен дожд

Скопје, 2 март 2025 (МИА) - Најстудено утрово е на Попова Шапка и Лазарополе, - 1 степен, а потопло е во Скопје - Петровец и Демир Капија, каде се измерени 8 степени целзиусови.

Еден степен измерен е во Маврови Анови, 2 во Берово, 3 во Крушево, Битола, 4 во Крива Паланка, Претор, Охрид, 5 во Прилеп, 6 во Тетово, Виница, Штип, 7 во Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија.

Во Крива Паланка се измерени 9 литри наврнат воден талог, 7 во Виница, 3 во Струмица, 2 во Берово, Штип и 1 литар во Велес, Пожар – Радовиш и Претор.

На Попова Шапка во 7 часот се измерени 23 сантиметри висина на снежна покривка.

Времето денеска е променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 л/м²).

Во попладневните и ноќтите часови на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој ќе се задржи и преку ноќта.

-Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени, соопштија од УХМР. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан