На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
- Шеесет и едгодишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од П.Г.(59), исто така од кочанско, за сума од 4.000 евра, информира СВР Штип.
Кочани,18 септември 2025 (МИА) - Шеесет и едгодишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од П.Г.(59), исто така од кочанско, за сума од 4.000 евра, информира СВР Штип.
Според пријавеното, во октомври 2020 година, лицето ѝ ветило на оштетената дека може со пријатели од Скопје да направи таа да земе пензија. Од тогаш до декември 2023 година жената подготвила документација и му ги дала парите, по што до декември следната година имале повремени контакти.
Потоа, тој престанал да одговара на нејзините повици, а таа се посомневала дека е измамена.
Случајот, П.Г., го пријавила во Полициската станица во Кочани вчера во 10 часот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ис/вј/
Фото: МВР