На денешен ден
- 1533.- Родена е англиската кралица Елизабета Прва, ќерка на кралот Хенри Осми и неговата втора жена Ане Болен. Во текот на 45-годишното владеење Елизабета Прва успешно ги консолидира внатрешните прилики и одлучувачки придонесе Англија да излезе на сите светски мориња. Во 1588 година со победата над шпанската „Непобедлива армада“ стана прва поморска сила. Во текот на нејзиното владеење, во 1566 година е основана Лондонската берза. Во 1587 година со погубувањето на заробената шкотска кралица Марија Стјуарт, предводничка на римокатоличката струја, ја осигура превласта на англиканската црква.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.