• сабота, 20 јули 2024

На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу еден час

На граничниот премин Табановце за излез од државата се чека околу еден час
Скопје, 2 август 2021 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ир/нд/

Остани поврзан