• среда, 25 декември 2024

На Бензема ќе му се суди за уцена на Валбуена

На Бензема ќе му се суди за уцена на Валбуена
Париз, 7 јануари 2021 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе се соочи со судење за уцена на играчот од средниот ред на Олимпијакос, Матје Валбуена, пренесува „Ле Паризиен“. Случајот ќе биде разгледан во Версај. Бензема, според истражителите, бил посредник во 2015 година и го поттикнал Валбуена да им плаќа на уценувачите кои поседувале интимно видео од фудбалерот. Поради скандалот, двајцата играчи не беа повикани во репрезентацијата на Франција за Европското првенство во 2016 година. Оттогаш Бензема не доби репрезентативен повик и го пропушти Светското првенство на кое Франција го освои трофејот. зс/

Остани поврзан