• четврток, 26 декември 2024

Пингпонгарката Хасану од Младост 96 освои два медала на турнир во Црна Гора

Пингпонгарката Хасану од Младост 96 освои два медала на турнир во Црна Гора

Подгорица, 25 декември 2024 (МИА) – Македонската пингпогарка Софија Хасану од клубот Младост 96 се закити со злато во младинска категорија и бронзен медал во сениорска конкуренција на меѓународен турнир кој се одржа од изминатите три дена во Подгорица, Црна Гора.

Бронзен медал во јуниорска конкуренција освои и Андреј Стојановски од АС Ѓорче Петров.

Македонските пингпонгари се закитија со медали бронзени медали и во конкуренција на ветерани. Трето место освоија Сашо Стојановски од 10 60 АС Ѓорче Петров во категорија 40-49 години и Томе Петков од Пелагонија во категорија над 70 години.

На турнирот учествуваа 320 натпреварувачи од осум држави. зс/

Фото: ППФМ

Остани поврзан