• четврток, 07 ноември 2024

На аеродромот во Тирана уапсен кумановец баран со меѓународна потерница, Обвинителството во Тирана побарало информација од македонските власти

На аеродромот во Тирана уапсен кумановец баран со меѓународна потерница, Обвинителството во Тирана побарало информација од македонските власти

Тирана, 6 август 2024 (МИА) - Обвинителството во Тирана одлучи да се обрати до властите на Северна Македонија со барање за податоци за лицето Џенгиз Мусљиу, кој беше уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, објави „Топ чанел“.

Според истиот извор, Муслиу бил осуден во Северна Македонија за кривични дела „насилство“ и му била изречена казна затвор во траење од 11 години.

Пред судијата Мусљиу рекол - „имам белгиско државјанство и побарав политички азил во Белгија, бидејќи сум во опасност. Знаев дека се води кривична постапка против мене, но не знам за што. И мене, во тоа време ме малтретираше полицијата“.

-Но, обвинителството нема никакви детали за што Мусљиу бил осуден од Основниот суд Куманово во 2016 година. При контрола на аеродромот, при влез во Албанија, излегло дека е барано лице со меѓународна потерница, наведува телевизијата.

Мусљиу не дал други детали за случајот и во меѓувреме, додека македонските власти не испратат податоци, тој ќе биде задржан во
затвор поради екстрадиција.

Во прегледот на барани лица со меѓународна потерница на македонското Министерство за внатрешни работи стои дека Џенгиз Мусљиу е роден 11.01.1990 година во Куманово, каде и живее на ул.„Д-р Рибар“ бр.120. Се бара со наредба КУИКП бр.6/17 издадена од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.386 од КЗ на РСМ за издржување на казна затвор во траење од 11 години и наредба КУИКП бр.524/14 од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РСМ за издржување на казна затвор во траење од четири години. вт/мд/

Фото: сајт Обинителство Тирана/ МВР

Остани поврзан