• понеделник, 23 декември 2024

Најмногу дожд во Ѓуриште и Велес, променливо и дождливо време во текот на целата недела

Најмногу дожд во Ѓуриште и Велес, променливо и дождливо време во текот на целата недела

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Најмногу дожд денеска наврнало во Ѓуриште - 24 л/м2, а по дождот има пад и на температурите на воздухот. Па така најтопло денеска беше во Охрид, Битола и Кавадарци каде се измерени 22 степени. Дождливото време ќе продолжи до крајот на неделава. 

До 17 часот во Велес наврнаа 11 л/м2 дожд, во Гевгелија - 9, во Штип - 8, во Крива Паланка, Кавадарци и Виница - 7, во Скопје-Зајчев Рид - 6, на Попова Шапка и Крушево - 5, во Тетово - 4, во Струмица и Прилеп - 3, во Охрид и Тополчани - 2, и најмалку дожд имало во Битола, Маврови Анови и Лазарополе.

Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи. ев/

ФОТО: Архива 

 

Остани поврзан