Најмногу дожд во Демир Капија и Штип, најстудено утрово во Берово
- Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Демир Капија и Штип, а најниската минимална температура утрово е евидентирана во Берово, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Демир Капија и Штип, а најниската минимална температура утрово е евидентирана во Берово, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Демир Капија и Штип наврнало 6 литри на квадратен метар, 4 - Радовиш - Пожар, Кавадарци, Виница, 3 - Струмица, 2 - Прилеп, Берово, 1 - Крива Паланка, Крушево, Битола, Тополчани, Велес, Попова Шапка.
Утрово ,во Берово биле регистрирани -5 Целзиусови степени, -4 - Попова Шапка, -3 - Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица, Битола, -2 - Штип, Прилеп, Демир Капија, -1 - Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци, Kрушево, Маврови Анови, Ѓуриште, Пожаране, Виница, Гевгелија, Претор, 0 - Тополчани, Охрид.
Триесет сантиметри изнесувала снежната покривка на Попова Шапка до седум часот утрово.
Од УХМР информираа дека времето денеска се очекува претпладне да биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста да се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Се очекува да дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура најавено е да биде во интервал од 6 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува облачно време, а попладне со повремен дожд. Синоптичарите најавија дека ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура се очекува да достигне до 7 Целзиусови степени. бд/са/
Фото: МИА архива