• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку 36 загинати при лизгање на земјиште во Перу

Најмалку 36  загинати при лизгање на земјиште во Перу

Лима, 7 февруари 2023 (МИА) - Во лизгање на земјиштето предизвикано од поројни дождови загинаа 36 луѓе во неколку села во јужниот дел на Перу, соопштија локалните власти.

Вилсон Гутиерез, службеник за цивилна заштита во општината Маријано Николас Валкарсел, во провинцијата Камана, изјави за локалната радио станица Ер Пе Пе дека се пронајдени 36 мртви тела во одалечената област наречена Миски. Меѓу жртвите има и пет лица кои се движеле со комбе.

Претставници на цивилната одбрана соопштија дека речиси 630 објекти биле погодени од лизгање на земјиштето, додека мостови, канали за наводнување и патишта исто така биле оштетени. паг/

Остани поврзан