• вторник, 19 ноември 2024

Најмалку 22 жртви во напад врз училиште во Газа за кое ИДФ тврди дека било команден центар на Хамас

Најмалку 22 жртви во напад врз училиште во Газа за кое ИДФ тврди дека било команден центар на Хамас

Газа, 23 септември 2024 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале команден центар на палестинската милитантна група Хамас, сместен во зграда во центарот на Газа, која претходно се користела како училиште.

- Центарот за команда и контрола, кој беше вграден во комплексот што претходно служеше како училиште „Калед ибн ал-Валид“, беше користен од терористите на Хамас за планирање и извршување терористички напади против трупите на ИДФ и државата Израел, соопшти израелската војска.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, ИДФ не дава информации за жртвите. Војската соопшти дека „се преземени голем број чекори за да се минимизира ризикот од повредување цивили“.

- „Ова е дополнителен пример за систематска злоупотреба на цивилната инфраструктура од страна на терористичката организација Хамас што го прекршува меѓународното право, истакна армијата.

Палестинските власти соопштија дека најмалку 22 лица, претежно жени и деца, загинале во израелскиот напад врз училишниот комплекс. Портпаролот на Цивилната заштита на Газа, Махмуд Басал, рече дека проектилот го погодил училиштето Ал-Зајтун во близина на градот Газа, кое служело како засолниште за илјадници луѓе. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан