• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку 20 загинати и 300 повредени во земјотресот во Мјанмар, а три лица се загинати во Тајланд

Најмалку 20 загинати и 300 повредени во земјотресот во Мјанмар, а три лица се загинати во Тајланд

Нејпидо, 28 март 2025 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа во Мјанмар и три во Тајланд во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди централниот дел на Мјанмар и беше почувствуван низ Југоисточна Азија, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според д-р Кјав Зин од општата болница во градот Мандалеј, во тој град загинале најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени.

„Се повеќе и повеќе повредени пристигнуваат, но немаме доволно лекари и медицински сестри“, рече тој.

Земјотресот предизвика уривање на мостови и неколку згради низ Мјанмар, вклучително и во Нејпидо, главниот град на земјата, објави весникот „Global new light od Myanmar“.

Црвениот крст соопшти дека во земјотресот се оштетени и урнати зградите и јавната инфраструктура и изрази загриженост за состојбата на браните. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан