• среда, 29 јануари 2025

Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград

Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград

Белград, 28 јануари 2025 (МИА) – Во сообраќајна несреќа во Нов Белград повредени се 18 лица откако градски автобус, што се движел со голема брзина, удрил во луѓето кои биле на автобуската постојка, а потоа удрил во друг автобус.

Помеѓу повредените е и едно дете и една бремена жена.

На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на брза помош.

Повредените се хоспитализирани во неколку белградски болници. ми/

фото: Икс

Остани поврзан