• четврток, 26 декември 2024

Најмалку 18 лица загинаа, 25 се повредени во поплави во Авганистан

Најмалку 18 лица загинаа, 25 се повредени во поплави во Авганистан
Кабул, 25 јули 2022 (МИА) - Најмалку 18 лица загинаа, а 25 се повредени во поплави во Авганистан изминатите три дена, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА. Петнаесет провинции во земјата се погодени од обилни дождови и поплави, главно во источните и централните региони, изјави портпаролот на Службата за управување со катастрофи во земјата, Мохамад Насим Хакани. Како што тој додаде, илјадници хектари земјоделско земјиште се уништени во различни провинции. Главниот автопат што ги спојува источната провинција Нангархар и главниот град Кабул беше затворен за сообраќај во текот на вчерашниот ден, откако поплавата оштети мост. Луѓето беа замолени да се воздржат од патување до реконструкција на патот. Наредните денови повторно се очекува дожд. бд/ми/

Остани поврзан