• понеделник, 29 јули 2024

Најмалку 13 луѓе загинаа при уривање на жичарница во Италија (ДПЛ)

Најмалку 13 луѓе загинаа при уривање на жичарница во Италија (ДПЛ)
Рим, 23 мај 2021 (МИА) - Најмалку 13 луѓе загинаа откако се урна жичарница во близина на езерото Маџоре, северна Италија. Во несреќата повредени се две деца, кои се транспортирани во локалната болница. Кабината од жичарницата се урна при превоз на патници од градот Стреса до планината Мотароне, патување што трае околу 20 минути. Кабината паднала од висина од сто метри. Се претпоставува дека причина за несречата е попуштање на носечкиот кабел на жичарницата. ми/

Остани поврзан