• среда, 27 ноември 2024

„Симбиоза“ - нова изложба на уметникот Бојан Ковски

„Симбиоза“ - нова изложба на уметникот Бојан Ковски

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) - Уметникот Бојан Ковски вечер во Музејот на Град Скопје, ќе ja отвори својата најнова изложба „Симбиоза" за која вели дека претсвува уникатен приказ на магична комбинација на човечкото тело и земјениот елемент.

"Симбиоза", како што се наведува за изложбата, претставува продолжение на истражувањето на човечката форма од страна на Ковски, со преплетување од елементот земја. Изложбата вклучува впечатливи актови и портрети проткаени преку песок од пустините. Волшебното движење на сликите добива дополнителна магија од златото што е проткаено низ делата, создавајќи заводливо визуелено доживување за посетителите.

-Со текот на "Симбиоза", секое дело се гради врз претходното, создавајќи комплексна и специфична структура. Истражувањето на Ковски на четирите основни елементи, особено на земјата, служи како метафора за сложеноста на животот и барањето на длабоки човечки конекции. Ковски ги поканува гледачите да се препуштат во визуелно патешествие што ги надминува традиционалните уметнички граници, поттикнувајќи размислување, интерпретација и почит кон без временските теми кои резонираат низ неговите дела. Изложбата ветува да биде славење на уметноста, човечноста и вечната врска помеѓу човечкото тело и елементите на земјата, се посочува за постановката.

Бојан Ковски, е роден во 1993 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2015 година. Уметникот активно се ангажира во создавање дела со масло на платно, развивајќи ја и својата посебна техника, Ковски Боди-уметност. вг/са/

Фото: Бојан Ковски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан