• четврток, 16 јануари 2025

Муцунски се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Сарацин

Муцунски се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Сарацин

Скопје, 27 ноември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин.

На средбата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше дискутирано за евроинтегративните процеси на нашата држава, актуелните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области. Посебно внимание беше посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната улога во засилување на политиката на проширување на Европската Унија во претстојниот период.

Министерот Муцунски изразил благодарност за личниот ангажман на специјалниот претставник Сарацин во динамизирањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Тој исто така ја нагласил континуираната и силна поддршка на Германија за европската иднина на државата и на земјите од регионот, посебно преку активностите во рамките на Берлинскиот процес. мд/ев/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан