• понеделник, 23 декември 2024

Седница на собраниската Комисија за надворешна политика

Седница на собраниската Комисија за надворешна политика

Скопје, 3 мај 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која треба да се разгледаат неколку ратификации. 

На дневен ред се ратификации на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на полето на трудот, 2019 (C 190), на договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за учество на Република Северна Македонија во „Царините“ Програма на Унијата за соработка во областа на царините, на Протоколот за изменување и дополнување на Договорот помеѓу Страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила, како и на Договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан. ев/са/

Остани поврзан