• понеделник, 19 август 2024

Претпладне умерено облачно со јужен ветер, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд

Претпладне умерено облачно со јужен ветер, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Времето денеска претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови, до среда времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

Во Скопје до среда ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. вг/ев/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан