• четврток, 07 ноември 2024

Концерт на солистот Сергеј Малов со оркестарот на Филхармонија

Концерт на солистот Сергеј Малов со оркестарот на Филхармонија

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Во Филхармонија вечер ќе се одржи концерт насловен „Моцартовите перипетии“, на кој како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија. На програмата се дела од Моцарт и Чајковски.

Рускиот виолинист Сергеј Малов е еден од славните виртуози денес во светот на класичната музика. Свири виолина, виола, барокна виолина и виолончело да спаља – инструмент за кој се смета дека Јохан Себастијан Бах на него ги свирел своите свити за чело.

-Широк е репертоарот на маестро Малов. Свири дела од периодот на раниот барок, до класични и романтични виолински концерти, како и светски премиери на современа музика. Исклучително е посветен на техничките капацитети на инструментот, покрај стилот на изведба. За неговите изведби на виолина, добитник е на повеќе награди на натпревари како „Паганини“ во Џенова, „Моцарт“ во Салцбург, „Мајкл Хил“ во Оукленд, додека за настапите со виола, пак, освојувал награди во Минхен и во Токио, соопштија од Филхармонија.

Малов настапувал со оркестри како што се Би-би-си оркестарот во Лондон, Лондонскиот филхармониски оркестар, Оркестарот на Баварското радио, Филхармонија на Оукленд, Филхармонискиот оркестар на Токио, Филхармонијата на Хелсинки, каде што го извел концертот за виолина од Сибелиус по повод роденденот на финскиот композитор,под диригентството на славниот маестро Клаус Макела.бт/са/

Фото: Филхармонија

 

Остани поврзан